Во брак се 44 години а никогаш не се појавува во јавност – Сега конечно испливаа фотографии од сопругата на Босанац (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот композитор и членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ попознат како Босанац има завиден брачен стаж. Тој со сопругата е во брак цели 44 години и има една од најстабилните брачни врски на естрадата во регионов.

Композиторот е во брак со сопругата Дуња која речиси никогаш не се појавува во јавноста, па поради тоа медиумите немаат ниту нејзина фотографија. Со Дуња имаат и две деца, Александар и Александра кои пак се нивна копија.

Тој во една прилика го откри рецептот за бракот, па и откри колку се почитуваат.

„Драго ми е што сопругата никогаш не сакаше да биде ѕвезда преку друга ѕвезда. Таа ми е најголема и најискрена поддршка во смисла на љубовта кон семејството и децата, а јас доаѓам на ред како сопруг. Ме чува и ми ја подготвува омилената храна“, изјави Босанац за фактор.ба

Тој откри дека неговата сопруга многу е музикална, но никогаш немала намера да тргне по неговите стапки или пак да стане пејачка.

Нивната ќерка Александра позната како Џиџа се занимава со пеење, а нивниот син Александар е земјоделски инжињер.