Во Црното Море има се помалку делфини, а се поголема количина смет – причините непознати

ИЗВОРСкопје24
|

Со воздушен мониторинг на Црното Море, наречен „Лет со делфини“, прв во последните 40 години, утврдено е намалување на бројот на делфини во групи и значително зголемување на количината на смет, објави денеска Меѓународниот еколошки фонд Чисти мориња.

Бројот на делфини во набљудуваните групи значително се намалил од неколку стотини на максимум 37 животни во група. Во исто време, се зголеми и количината на морски отпад, се вели во соопштението.

Заменик генералниот директор на организацијата, Ана Суботина изјави дека главната причина за падот на бројот на делфини е миграцијата на изворите на храна, бидејќи многу видови риби, кои се главни во исхраната на делфините, се преселиле во други делови на Црното Море.

Таа најави дека ќе биде спроведени посебно сеопфатно истражување за да се утврдат причините и додаде дека руското Министерство за природни ресурси и екологија се согласило да го поддржи проектот.