Во домот на Лепа Брена денеска се слави роденден: Еве колку години полни пејачката

ИЗВОРСкопје24
|

Најголемата балканска ѕвезда денеска слави роденден. Лепа Брена го слави својот 60 роденден.

Освен долгите децении на завидна кариера, убавина и елеганција со која гордо се носи, Брена е и горда баба и свекрва. Пејачката во оваа прилика на својот Инстаграм профил со многубројните следбеници, сподели видео од почетокот на нејзината кариера, а пофалби и роденденски честитки и пристигнуваат од сите страни.

Меѓутоа, се чини дека Брена најмногу се израдувала на роденденските честитки од своите снаи кои први и посакале искрени желби.