Во една земја во месец август може да летувате за само 170 евра и никој нема да ви бара ПЦР тест

|

Бидејќи како последица на здравствената криза во светот на сила во земјите од ЕУ забранет е влезот на македонските државјани, се отвораат некои нови можности за летување.

Една од нив, барем што се однесува до земјите кои што физички ни се поблиску е Албанија.

Летување на југот од Албанија

Недалеку од грчкиот остров Крф се наоѓа и едно од албанските летувалишта кои што поради кризата е избор за многумина.

Саранда припаѓа во областа Валона и се карактеризира со мноштво убави уредени плажи и многубројни природни убавини.

Сместувачките капацитети се на задоволувачко ниво, а во местото постои и убаво уредено шеталиште, многу ресторани и кафулиња, но и многубројни продавници.

Освен тоа, во околината на Саранда се наоѓаат и многубројни знаменитости, кои што секако дека треба да се посетат.

Колку чини летување во Саранда?

Поради моменталната ситуација со болеста, ова албанско летувалиште е вистинска авантура.

Таму најевтината варијанта во приватно сместување за  четири члено семејство на почетокот на месец август изнесува околу 170 евра.

Додека пак најскапата опција во ова летувалиште изнесува 2.590 евра за 7 ноќи со доручек, за 4-члено семејство.

Станува збор за резорт со 5 ѕвезди, кој што е 2 километри оддалечен од центарот на Саранда и кој што има сопствена плажа.