Во Грција почнаа пеколните температури

ИЗВОРСкопје24
|

Деновиве во Грција во одредени делови биле регистрирани рекордно високи температури, несвојствени за почеток на мај, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“.

Највисоката температура била регистрирана на островот Крит, 38 степени Целзиусови, во централна Грција 37 степени, а на Пелопонез 35,6 степени.

Во девет различни делови на земјата, температурата била од 7,7 до 13,5 степени повисока споредбено со првите десет дена од мај во периодот 2010-2019 година.