Во Холандија ќе се заработува и од возење точак до работа

ИЗВОРСкопје24
|

Во Холандија ќе се заработува и од возење точак до работа
Холандски предлог за намалување на загадувањето: Паричен надоместок за секој изминат километар од дома до работа

Со цел да го сведе аерозагадувањето на минимум, Холандија се сети на уште една мерка која многу веројатно ќе доведе до исполнување на посакуваната цел. Се работи за финансиски надомест за велосипедски труд за оние работници кои патот од дома до работа го поминуваат на две тркала.

Да излеземе од автомобилите и да седнеме на велосипеди. Сакам да го стимулирам возењето велосипед со цел да ги смениме навиките на дополнителни 200.000 луѓе кои се’ уште користат автомобил – изјави Стиентје ван Велдховен, заменик министер за инфраструктура и управување со водните ресурси, пренесува France24.

Секој велосипедист кој на работа оди со велосипед, според нејзиниот предлог ќе добие надоместок од 19 центи, односнo 11.49 денари за секој изминат километар од дома до работа и назад.

Исто така, се размислува за воведување на субвенции за купување на велосипед во соработка со компаниите кои продаваат велосипеди.

Холандија е вистински лидер кога станува збор за користењето на велосипеди: има 17 милиони жители и 22 милиони велосипеди. Речиси половина од работниците се оддалечени по 15 километри од својата работа, а холанѓаните долгорочното решение го гледаат во велосипедот.

Овој директор зема помала плата од своите вработени и оди на работа со автобус

Кога во 2009 година авиокомпанијата “Јапонија ерлајнс” се соочила со тежок период требало да почне да се опушта дел од персоналот. Извршниот директор Харука Нисимацу за да го спречи отпуштањето ја намалил својата плата и ги елиминирал сите предности што ги уживала неговата позиција.

Сега тој зема плата помала од своите пилоти, користи автобуски превоз до своето работно место и јаде во заедничката кафетерија заедно со неговите вработени. Тој своите костими ги купува во продавниците со попуст, бидејќи смета дека оној директор кој носи Армани на работа значи дека создава дистанца помеѓу него и неговите вработени.

Ако имате лошо искуство, не им бидете лути на луѓето со кои се соочувате – обвинете го одговорното лице, смета Харука. Овој директор сака да има превид во работите што се случуваат во авионите. Тоа значи дека редовно ги посетува истите, комуницира со стујардесите, па дури и повремено ги средува весниците. Меѓутоа, Харука не останал само на ова. Тој реши да ги сруши ѕидовите од својата канцеларија за секој да може да има пристап.

Директорот не ги мотивира своите вработени со милионите кои ги заработува, туку со убедувањето на тоа дека сите се наоѓаат во ист брод, вели Нисимацу.