Пејачката Лепа Брена денеска со семејството го слави Аранѓеловдан.
Секоја година во домот на фолк дивата овој посебен ден се подготвува со големо внимание.
Пејачката по серијата концерти се врати во Србија и ги засука ракавите. Познато е дека кујната е место каде што сака да престојува целото нејзино домаќинство, особено нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, кој е одличен гурман.
Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ објави видео од подготовките пред слава, а пејачката танцуваше со готвачот додека ја подготвуваше сармата.
Интересен податок е тоа што Брена, според тамошните медиуми, одамна преминала од ислам во православие, и ги слави сите христијански празници, а Аранѓеловдан и е од особено значење.