Во Македонија имаме цркви постари од Нотр Дам: Една од нив се наоѓа во Струмица

ИЗВОРСкопје24
|

Во југоисточниот дел на нашата држава се наоѓа комплексот цркви и манастири „Св. Петнаесет тивериополски маченици“, комплекс кој датира од 9 век и истиот е вклучен во списокот на Културно наследство на Македонија.

Основните податоци за делата на Светите Петнаесет Тивериополски м*ченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилак Охрдиски. Во дворот на црквата имало пораснато дрво над гр*бовите на м*чениците. Локалното население го почитувало тоа дрво како свето. За време на Османлиското ропство кога сакале да го пресечат дрвото луѓето ги снашла голема н*среќа.

Комплексот цркви вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеном*ченици.

Во претхристијанскиот храм се зачувани мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

Денес, црквата ја посетуваат многу македoнски, но и странски туристи. Особено во последните две години, однсоно по донесувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушница“ од Грција како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

женскимагазин.мк