Во недела Виз ер скопски маратон – Погледнете кои улици ќе бидат проодни за сообраќај

|

На дел од булеварите и улиците во Скопје во недела (03.10.2021 година) ќе се одвива Виз ер скопскиот маратон 2021. Поради тоа во периодот од 07 до 14 часот се воведува привремен сообраќаен режим.

Во овој временски период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: булевар Илинден, од крстосница со булевар Свети Климент Охридски до улица Љубљанска; затворена ќе биде улица Љубљанска; улица Московска; потоа булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосница со улица Московска; во продолжение улица Димитрие Чуповски; улица 11 Октомври до крстосница со булевар Крушевска република; булевар Крушевска република до крстосница со булевар Трета македонска бригада, булевар Трета македонска бригада ќе биде затворена од крстосница со булевар Крушевска република до улица Фрањо Клуз; потоа затворена ќе биде улица Фрањо Клуз и во продолжение булевар Јане Сандански во делницата од крстосница со улица Фрањо Клуз до булевар Србија.

Во истиот период ќе биде затворен и булевар Свети Климент Охридски и тоа од крстосница со улица Димитрие Чуповски до крстосница со булевар Илинден.