Во овие три хороскопски знаци се раѓаат жени кралици: Нема маж кој може да им одолее

ИЗВОРСкопје24
|

Мажите отсекогаш се „лепат“ на вас? Многу веројатно е дека тоа е поврзано и со вашиот хороскопски знак. Имено, стручњаците во астрологијата велат дека во следните три хороскопски знаци се раѓаат жените кралици!

Близнаци

Личностите родени во знакот на Близнаци точно знаат како да го привлечат вниманието кон себе. На некој љубезен и интересен начин успеваат за само неколку секунди да ги воодушеват сите околу себе. Едноставно е тешко да им одолеете!

Лав

Лавовите и Лавиците зрачат со добро расположение и поради тоа секогаш се во центарот на забавата. Кога станува збор за флертот, Лавиицте со задоволство глумат недопирливи и токму таа блага ароганција лудо ги привлекува мажите. Со својот шарм ќе го „смотаат“ секој маж со леснотија околу својот прст.

Риби

Со своето разиграно однесување и потребата за мечтаење, Рибите многу бргу го будат интересирањето за нив кај мажите. Срамежливо се смеат, фрлаат кратки заводливи погледи… Тоа е тактика на која се слаби сите мажи!