Во овие држави може да ги купите најевтините половни автомобили

ИЗВОРскопје24
|

Еден од најпознатите интернет портали за продажба на користени автомобили објавил просечни цени на половни автомобили на клучните европски пазари, пренесуваат од „Ревија Хак“.

Во просек користените автомобили најскапи се во Франција (цена 22.995 евра), потоа следи Германија (18.377 евра), Австрија (18.126 евра), Шпанија (17.586 евра), Белгија (16.855 евра), Холандија (15.654 евра), а најевтини се во Италија (14.446 евра).

Кога станува збор за автомбилите кои се стари само една години, најевтини се во Шпанија (28.630 евра), потоа во Германија (28.721 евра).

Три години старите автомобили најскапи се во Австрија (29.659 евра) па потоа во Германија (26.849 евра), а најевтини се во Италија (22.700 евра).

За автомобилите кои се стари од три до пет години и постари, најмногу пари ќе платите во Франција, а Германија е во средината на државите. Италија е најевтина.