Во понеделник неколкучасовни прекини на струја во повеќе делови од Скопје

|

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 04.10.2021 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од село Кондово кај џамијата и гробиштата. (општина Сарај);

во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од село Орман и село Никиштане (општина Ѓорче Петров), како и корисниците од дел од ул. Христо Татарчев број 14. (општина Кисела Вода)

во периодот од 08:00 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Шишево (општина Сарај) и во периодот од 09:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од Стопански Двор, во околина на „Галафарм“ (општина Ѓорче Петров)