Во пресрет на Велигден: Еве како со сигурност да победите во кршењето со јајце

ИЗВОРСкопје24
|

Велигден е најголем христијански празник на кој најмногу се радуваат децата кога треба да се кршат со јајца. За да бидете убедено дека вашето јајце ќе победи придржувајте се на следните правила:

1.Одберете го јајцето кое има најшпицест изглед. 2.Избегнувајте ги јајцата со сјајна лушпа, бирајте ги оние со мат боја. 3.Јајцата кои се малку постари се посилни од свежо снесените.

4. При варење прво јајцето ставете го во сад а потоа прелијте со ладна вода и варете ги. 5. Во варење додадете сол, затворете со капак и оставете да се варат. 6. Кога ќе го тргнете тенџерето од офан оставете ги јајцата уште 20 минути да постојат во водата.

7. Кога ќе се оладат јајцата ставете ги во фрижидер за да се стегне белката. 8.За време на кршење со јајца, доближете ги прстите што е можно повеќе кон врвот на јајцео. 9. Не треба да се удира силно, полека, бидејќи така го штитите и своето јајце од кршење.