Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време

ИЗВОРСкопје24
|

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со посвежи утра и со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.