Во Словенија се бара враќање на задолжителниот воен рок – Дали треба да се врати и кај нас?

ИЗВОРскопје24
|

Преку предлог закон повторно се бара да се врати задолжителниот воен рок на словенечките граѓани. Служењето на воениот рок треба да трае една година.

Ќе биде предложено воениот рок да биде обврска за секој маж кој ќе наполни 18 години.

За оние, пак, кои по средно образовение ќе решат да се запишат на факултет, воениот рок ќе почне по завршувањето на студиите и ќе трае исто така една година, односно од септември до септември.

Причина за потребата од задолжителен воен рок е да се зголеми и обучи воената резерва на државата.