Во среда петта фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата фаза од авионската
дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.09.2020 година (среда), во раните утрински часови.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.“, соопштуваат од Град Скопје