Во свој стил Огњен одговори што се случува во студиото на „Амиџи-шоу“ за време на рекламите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Водителот на едно од најгледаните шоу-програми во Србија „Амиџи-шоу“, Огњен Амиџиќ на својот инстаграм-профил како и повеќето јавни личности одговараше на прашањата на следачите и фановите. Додека дел се однесуваа на негоиот приватен живот имаше и такви кои се интересираа за професионалниот, односно за неговото „Амиџи шоу“.

Како што сите знаеме Огњен е познат по тоа што секогаш гостите ги прашува интригантни и многу директни прашања, секоја нова емисија открива по некоја нова тајна на јавните личности, па често одговорите кажани овде завршуваат на насловните страници на таблоидите.

Затоа не е чудно што гледачите ги интересира што ли се случува позади камерите или за време на рекламите, додека гостите и водителот имаат мала пауза, дали сето тоа е шоу или навистина е така весело цело време.

Еден од неговите фанови на инстаграм го постави баш прашањето: „Што правите во студиото додека траат рекламите“, но одговорот на водителот беше нешто неверојатно, а притоа го насмеа цел Балкан: „Јас шпага, камерманите стој на глава, Тијана колут, а режијата се дро гира“, во свој стил напиша познатиот водител.