Во Тајланд може да изнајмите соба каде ќе бидете опкружени со слонови

ИЗВОРскопје24
|

Тајланд е држава позната по живописната природа, разновидниот див свет и пријатната тропска клима. Ова се карактеристики што ја прават совршена дестинација за сите љубители на природата.

Доколку сакате уште повеќе да ѝ се приближите на природата, едно одморалиште ќе биде совршено за вас.

На северниот дел на Тајланд се наоѓа засолништето за слонови Anantara Golden Triangle Elephant Camp & Resort. На ова одмаралиште се поставени големи меури, кои служат како соби за издавање. Од собите на ова одмаралиште посетителите можат да ја набљудуваат природата, но исто така и слоновите околу нив.

Собите се со површина од 22 метри квадратни. Истите се опремени со голем кревет, тоалет и место за седење. Послугата ја носи храната до собите, па вие нема да имате потреба да излегувате од нив.

Според веб-сајтот на ова одморалиште, слоновите на имотот не се донесени таму по некоја случајност. На тој имот живеат околу 60 слонови кои биле спасени од улиците на Тајланд. На одмаралиштето им е овозможен многу поудобен и подобар живот. Едно ноќевање во проѕирните соби чини 585 долари за двајца.