Во тек истрага за можно местење на два натпревари во Србија

ИЗВОРСкопје24
|

Според информациите добиени од Европската фудбалска асоцијација, Фудбалската федерација на Србија потврди денеска дека во тек е истрага за можно местење на резултати на два натпревара во домашното првенство.

Телевизијата Спорт Клуб објави претходно дека УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.

Портпаролот на ФСС Милан Вуковиќ изјави-Точно е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности кои укажуваат на тоа дека дошло до нарушување на интегритетот на некои натпревари. Процесот пред надлежните органи на ФСС е во тек. Во моментов не можеме да откриеме повеќе детали, а јавноста навремено ќе биде детално известена.

Сомневањата за наместени натпревари во Србија се појавиле по сомнителни уплати на два натпревара во обложувалници во Европа и Азија.