Водителите Војо И Сања откриваат какви се членовите на жирито кога ќе се исклучат камерите

ИЗВОРСкопје24
|

Во добро познатото музичко шоу Ѕвездите на Гранд водители уште од самиот старт се познатите Војо и Сања. Тие во едно заедничко гостување открија како е да се води најгледната шоу програма во регионот.

– Немам чувство дека го носам тој товар, тоа е еден вид реалност за мене – рече Сања и додаде дека имала притисок само на почетокот – дефинитивно се трудам да бидам секогаш на повисоко ниво од сезона во сезона.

На прашањето дали се забавуваат на снимањата, кои понекогаш траат со часови и се случуваат ден за ден, Воја одговара – Знаеме што можеме и што не можеме, на што реагира некој и кој може да сфати нешто погрешно, па сè зависи од енергијата и расположението на целиот тим.

Сања и Војо открија исто така и дали имаат омилен член во жирито:

– Па, глупаво е да се каже, затоа што секој има своја улога, како на час, и зависи од кој ден ќе им се даде. Секој има свои моменти – рече Сања и низ смеа ја објасни врската на Војо со одредени членови – Војо и Ѓорѓе се од Земун, а скорпии во хороскопот. Како Марија. Некако се препознаваат. Еве, скорпиите ме напаѓаат од сите страни, се пошегува Сања.