Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ се испробала и како глумица: Сања Кужет играла во овие филмови

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката Сања Кужет со години плени на сцената „Ѕвездите на Гранд“. Таа е делумно заслужна за популарноста на шоуто затоа што многумина го гледаат само поради нејзината убавина, сепак само малкумина знаат со што се занимавала пред да застане пред ТВ камерите.

Имено, згодната водителка пред да се појави на телевизија се појавила на филм, обидувајќи се да направи кариера како актерка.

На само 23 години, Сања глумела во популарниот хорор филм „Сатанскиот воин“ во 2006 година, играјќи го ликот на Сенка.

Година подоцна, во 2007-та, таа исто така глуми во тинејџерскиот филм „Доба на невиност“, а нејзиниот лик во овој филм исто така се викаше Сенка.

Но, од актерската кариера на Сања остана само „бледа сенка“, но затоа пак кога еднаш застана пред ТВ камерите на сцената на „Гранд продукција“, никогаш веќе никој не ја симна… И нема, со гаранција!