Водителката од „Се за љубов“ се повлече од малите екрани и медиумите, но со години го живее својот сон

|

Катарина Шишмановиќ важеше за една од најпопуларните и најубавите водителки во Србија. Со својата емисија „Се за љубов“ усреќи многу луѓе, на многумина им помогна да си го најдат семејството или да ја изненадат љубовта на својот живот, па потади тоа и самата беше обожавана од милиони гледачи. Сепак Катарина во последните неколку години се повлече од малите екрани и медиумите и тешко може да се види во јавноста.

Со години таа беше предмет на желба на многу мажи, а покрај емисиите што ги водеше, водителката го обиколи светот и ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со фотографиите и видеата од разните егзотични дестинации каде што патуваше.

Денес таа ужива далеку од очите на јавноста и медиумите, но често споделува приватни фотографии на социјалните мрежи. На фотографиите изгледа поубаво и посреќно од било кога. Веројатно по толку многу емотивни средби и разделби и неа и требаше време за да ги наполни батериите.

Да потсетиме, Катарина со години беше заштитно лице и водителка на шоуто „Сè за љубов“, а последниот проект на кој работеше беше квизот „Кој е на врвот“. Во двете емисии таа работеше со истиот колега, актерот и водител Милан Калиниќ.

После тоа, Катарина реши да паузира и да им се посвети на студиите, а минатата година на социјалните мрежи се пофали дека станала магистер по политичка економија на Факултетот за политички науки во Белград.