Возачи внимателно: На овие места има врнежи од снег

|

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот премин Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, и истите во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.