Често можеме да слушнеме како помеѓу професиите најтешко им е на угостителите. Клиенти со многу барања, прекувремени смени и мали плати се само 3 причини кои ја потврдуваат таа теорија.
Еден вработен во „Burger King“ покажал со што бил награден за својата долгогодишна работа, а со тоа стана хит на интернет.
Готвачот и благајник Кевин Форд кој работи во ресторан на познатиот ланец за храна во Лас Вегас, стана вирален откако покажа што добил за 27 години лојално работење и дури ниту еден ден отсуство од работа.
Форд добил проѕирна ќесичка која му ја врачила компанијата „HMS Host“ преку која „Burger King“ вработува персонал, а нејзината содржина многумина изненадила.
Во ќесичката имало чоколатца „Reese’s“, „Starbucks“ чаша за повеќекратна употреба, две пенкала, една карта за кино и неколку приврзоци.
Иако 54-годишникот бил благодарен за овој гест и на снимката можат да се видат натписи како „многу благодарен“ и „лојалноста се исплати“, тоа не било случај со корисниците на социјалните мрежи на кои ваквата објава масовно се споделува.
Многумина се сложиле дека видеото ги растажило и се надеваат дека „тоа што го виделе не е вистина“.
Кога забележала дека реакциите на Твитер не стивнуваат и дека луѓето сакаат да му помогнат, ќерката на Кевин, Серина, отпочнала акција за својот татко преку страницата „GoFundMe“. Таа објаснила дека Кевин започнал да работи како самохран татко, а подоцна кога повторно се оженил, останал таму поради доброто здравствено осигурување кое му помогнало да ги школува своите 4 ќерки.
Луѓето биле трогнати од приказната на Кевин, а во нив изгледа проработел и инает поради неговата „награда“ на работа. Преку акцијата досега се собрани 89.000 долари за Кевин.
Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.