Каква фирма: Вработените ги водат домашните миленици на работа, а шефот ги наградува оние кои ќе вдомат животно

ИЗВОРСкопје24
|

“Ferray Corporation” е информатичка фирма од Токио каде веќе 20 години се почитуваат иновативни мерки за намалување на стресот кај вработените.

Имено, еден од вработените уште во 2000 година го замолил сопственикот Хиденобу Фукуда да ја донесе својата мачка на работа, а потоа овој шеф го одобрил ваквиот ритуал за сите.

Речиси две децении подоцна, канцеларијата со своите сопственици ја делат 9 мачки кое секое утро доаѓаат со нив. Оброците ги добиваат точно напладне и во 7 часот навечер. Новите припадници на колективот имаат задача да им дадат храна и вода и да исчистат по нив.

“Мачките одмараат покрај нас, тоа има лековито дејство”, открива Ери Ито, вработен во компанијата.

Сопственикот на компанијата истакнува дека ниту една мачка не е купена, туку станува збор за вдомени мачки кои биле напуштени. Тој и самиот ги поттикнува луѓето да вдомуваат од азили каде честопати животните се успиваат.

“На секој кој ќе вдоми мачка, месечно му давам по 5.000 јени (40 евра)”, раскажал Фукуда.

Иако во канцеларијата владее хармонија помеѓу домашните миленици и луѓето, се случува мачките, на пример, да прејдат преку телефонот и да го прекинат разговорот кој е во тек или да скокаат на тастатурите на компјутерите. Но, и покрај овие повремени “бели”, колективот на фирмата е повеќе од задоволен од нивното присуство кое им носи спокој во текот на работното време.