Врати ја возачката и ќе имаш бесплатен јавен превоз – Германија ги стимулира старите да не возат

ИЗВОРСкопје24
|

Во Германија постарите граѓани можат да се пријават за бесплатна годишна карта за локален превоз. Оваа новина се планира да се воведе од 1 декември.

За тоа да го направаат, ќе мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи. Втор услов е да имаат престој во тој регион. За трошоците кои произлегуваат од оваа мерка, покраината обезбеди буџет од 3 милиони евра.

Целта на кампањата е безбедност во сообраќајот. Имено, повеќе од третина од учесниците во сообраќајот кои имале несреќа имале 65 и повеќе години, а за 68 отсто од несреќите виновни биле токму постарите возачи.