Врати се во игра на 30 септември со Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Почетокот на Бизнис 3х3 Баскет се одложува на 30 септември по барање на учесниците

Десетици екипи се веќе пријавени на претстојниот Бизнис 3х3 Баскет. Тие ќе излезат на паркетот на 30 септември и ќе се натпреваруваат за престижни награди. Покрај наградите самиот турнир претставува одлична можност за развој на тимот и враќање на спортските навики.

Во цел свет и во Македонија вработените во канцелари и на други работни позиции сѐ почесто се организираат и спортуваат. За жал зимските денови најчесто ги ограничуваат тие активности поради лошото време. Затоа Бизнис 3х3 Баскет кој ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е совршена можност за сите кои се подготвени да се вратат во игра. Самиот турнир е од рекреативно натпреварувачки карактер и ќе има хуманитарен аспект за сите кои се вклучени и публиката.

Организаторите на Бизнис 3х3 Баскет информираат дека по барање на голем дел од тимовите и играчите, поради топлото време, продолжените летни одмори, самата лига ќе започне 15 дена покасно од предвиденото, т.е. на 30 септември 2019.

Бренд амбасадор на Бизнис 3х3 Баскет е познатиот македонски музичар Тони Зен кој ќе настапи со сопствен тим и кој упатува предизвик до сите учесници:

Бизнис 3х3 Баскет ќе заврши во мај 2020 година и самите награди совршено ќе се вклопат за летото 2020:
– 1. место – 6 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и учество без котизација во наредната година.
– 2. место – 4 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и 50% попуст на котизацијата за учество следната година.
– 3. место – 2 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и 30% попуст на котизацијата за учество следната година.

Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3×3 Баскет може да се најдат на: https://sportplan.mk/ и https://www.facebook.com/sportplan.mk/