Време е за новогодишно украсување: Колку точно украси треба да ставите на елката за таа да изгледа совршено

|

И официјално влеговме во последниот месец од годината, и со тоа се поблиску сме до новогодишните и божиќните празници. Поради тоа секој од нас веројатно го фаќа празнична еуфорија, па и веќе сите почнуваат со украсување.

Според експертите за декорација, има многу правила кога се работи за украсување на елката. Секако дека постојат одредени комбинации на бои кои создаваат хармонија, а откриен е и правилен начин на кој треба да се стават сијаличките на елката за да не се заплеткаат.

На Фејсбук се појави и „водич“ за тоа колку точно украси и сијалички треба да ставите на елката во зависност од нејзината височина.

Погледнете го односот на бројот на украси и сијалички и висината на елката – 90 см: 29 украси и 50 сијалички, 150 см: 40 украси и 120 сијалички, 180 см: 50 украси и 240 сијалички, 200 см: 60 украси и 240 сијалички, 210 см: 75 украси и 400 сијалички и повисока од 210 см: 90 украси и 400+ сијалички.