Временска најава: ВИКТОРИЈА во вторник ќе го погоди Балканот – Македонија ќе ја одмине

ИЗВОРСкопје24
|

Изразениот циклон ВИКТОРИЈА во вторник наизразено ќе го зафати северниот дел на Балканот поточно најпогодено ќе бидат Словенија и Хрватска каде се очекуваат обилни врнежи од дожд кој локално има опасност и да предизвикаат поплавувања.

Поради атмосферата исполнета со енергија локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО невреме проследено со олуен ветер, силни грмежи како и со појава на град. Температурите на воздухот под влијание на значително посвежа воздушна маса од север значително ќе опаднат и тоа понекаде дури и за околу 10 до 15 степени.

На највисоките планини во Словенија има можност да провее и првиот снег за оваа сезона. Во Македонија овој циклон како што веќе најавивме ќе не одмине па така и летните температури на воздухот и понатаму продолжуваат и тоа во најголем дел од следната недела и истите ќе се искачуваат во интервалот претежно од 27 до 35 степени.. Во западните предели ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност (ништо значително).

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ