|
Нестабилно време со променливи температури ќе се задржи до крајот на неделава.
Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува сончево и топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.