Временска прогноза за следните четири дена: Од недела стабилизација на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Најавата од УХМР за денеска е претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 31 степени.

Утре пак не очекува претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално и особено од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=6

Потоа, во петок повторно не очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. УВ=6

Во сабота ќе имаме променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. УВ=6

Веќе од недела променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=7