Времето денес сончево со температура до 37 степени

ИЗВОРСкопје24
|

Во поголемиот дел од земјава денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.

Од четврток следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите.