Времето денеска: Променливо облачно со врнежи од дожд и снег

ИЗВОРСкопје24
|

Времето претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје во утринските часови со појава на магла, во текот на денот прoменливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.