|
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV=8
Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а дневните во интервал од 23 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе биде 31 степен.
Утре попладне и кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во четврток ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.