Врежани во карпата: Нестварни скали кои изгледаат како да излегле од некоја бајка (видео)

ИЗВОРСкопје24
|

Најголема атракција се секако скалите врежани во карпата во подножјето на водопадот кои изгледаат како да излегле од некоја бајка на браќата Грим…
Паилон дел Диабло или Ѓа*ол*ки котел редовно се наоѓа на списоците на некои од најубавите места во Еквадор, но и во целиот свет. Тоа е водопад на реката Пастаза во еквадорската дождовна шума лоцирана во селото Рио Верде а на дваесетина километри оддалеченост од најблискиот град – Баноса.

Иако Ѓаволскиот котел се искачува на само 80 метри во висина, поради големото количество на вода што тече одозгора ќе ви се види многу повисок и помоќен. Многу љубители на природата се привлечени не само од спектакуларната убавина, туку и од нејзината локација „среде ништо“.

Има два правци за да стигнете до водопадот, и двата можат да се истражуваат за цена од неколку долари вреди да се истражуваат за цена од само неколку долари. Најголема атракција се секако скалите врежани во карпата во подножјето на водопадот кои изгледаат како да излегле од некоја бајка на браќата Грим. Имајте на ум дека скалите се секогаш влажни и лесно можете да се лизнете ако не сте внимателни.

Погледнете како изгледа овој еквадорски водопад во видеото на „Photographer and Traveller“ (Фотограф и патник) на YouTube.

екран.мк