ВРИЕ НА ТАБАНОВЦЕ: Стотина автомобили чекаат за влез во Србија,

|

Утрово според камерите поставени на граничниот премин „Табановце“ може да се забележи зголемена фреквенција, односни дека стотици автомобили чекаат влез во соседна Србија.

Самиот факт што денеска е неработен ден, а станува збор за петок (работен ден во соседна Србија) македонските граѓани го искористија за бесплатното им*низирање во најблиските градови во Србија како Врање и Ниш.

Македонците масовно се упатуваат кон Србија веќе трета недела по ред, пткако српските власти најавија дека македонските граѓани ќе може да примат дози без никакви документи што го олеснува процесот на им*низација, ниту пак треба да чекаат термин.

Доколку и вие имате во план да одите таму денеска, состојбата на границата можете да ја следите ТУКА.