Втроглава сума: Откриено колку пари и платил Кристијано Роналдо на сурогат мајка за да му роди дете и да се откаже од него

ИЗВОРСкопје24
|

Ѕвездата на Реал Мадрид, а сега и Јувентус, фудбалерот Кристијано Роналдо (35) стана татко пред десет години. Сурогат мајка го роди неговиот син Кристијано Јуниор, а нејзиното име е непознато за јавноста. Португалските медиуми пишуваат дека фудбалерот на сурогат мајката и платил дури 12 милиони евра за дискреција.

Пред неговата девојка, манекенката Џорџина Родригез (26), да му роди бебе, девојченцето Алана Мартина, во 2017 година, претходно ништо не се знаеше за мајките на неговите претходни деца. Пет месеци пред да се сретне со атрактивната бринета, тој доби близнаци Ева и Матеа. Близнаците се родени исто така, од сурогат мајка.

Бидејќи фудбалерот постојано имал тренинзи и натпревари и патувал низ целиот свет заради тоа, тој не можел да биде со своите деца цело време. Тогаш неговите сестри Алма и Лилиана, мајката Долорес, но и дадилките се грижеа за нив.

Кога стана татко на 25-годишна возраст, тој ги извести сите дека родителските права му биле пренесени и дека мајката всушност нема да има никаков контакт со детето. Отсекогаш сакал да има деца, и бидејќи бил финансиски поткован, лесно можел да ја постигне својата цел. Само требаше да најде жени кои би биле подготвени за вештачко оплодување, породување и потоа да се откажат од детето, што, очигледно, успеал да го направи.

Фудбалерот често се фали со фотографии и приватни детали од секојдневниот живот на социјалните мрежи. Тој посочува дека е најдобро за него кога го поминува времето опкружено со своите малечки и партнерката.

Минатата година тој му рече на својот најстар син да остане каков што е на неговиот 9-ти роденден и истакна дека е многу горд на него и дека сака да биде среќен во животот.

Иако дежурните критичари напишаа на профилот на Кристијано дека Џорџина нема да може да се справи со неговите четири деца, дури и ако имала помош од неколку страни, се чини дека тие не беа во право. Таа постојано се фали за ручекот што го направила, пружењето на алиштата, а децата секогаш се насмеани и сакаат да поминуваат време со неа.