Втора неверојатна победа: Вардар се налути, па го растури Порто

ИЗВОРСкопје24
|

Европскиот шампион Вардар одигра фуриозно во второто полувреме против Порто и ја оствари втората победа во новата сезона на ракометната Лига на шампиони (32:27).

Португалскиот состав стартуваше подобро и водеше во текот на целото прво полувреме кое го доби со 16:14, но Вардар се прикажа во поинакво светло во вториот дел.

Предноста од 27:20 и 28:21 покажа каков ќе биде епилогот на натпреварот, а Вардар не ја испушти предноста во завршницата, во која Порто се обидуваше да се врати во игра. На крајот, фаворитот стигна до бодовите со победа 32:27, по што македонскиот претставник во ЛШ го задржува перфектниот скор по две кола.

Криштопанс и Чупиќ постигнаа по 7, а крилата Дибиров и Шишкарев по 5 голови и го предводеа Вардар на овој натпревар, а одличен беше и голманот Кугис со 11 одбрани.

Во вториот дел Вардар играше како во транс, а јаготка на шлагот беше цепелинот за предност од 25-20 во СЦ „Јане Сандански“. По една акција, Кристопанс додаде до Чупиќ, а тој веднаш го проигра Скубе кој во лет реализира.

Цепелинот на мечот меѓу Вардар и Порто погледнете го ТУКА.