Вторник и петок во диското, кафе и шеќер се позајмува од згоден сосед… Животот на младите во студентски дом (ФОТО)

loading...

Најубавите моменти од студентскиот живот можат да бидат деновите поминати во студентските домови.

Ако не сте живееле во студентски дом, сигурно барем сте слушнале муабети за него. Цимери со различни карактери, гледање на фудбал во ходникот, делење на бањата, јадење во друштво…Тие дружења со новозапознаените луѓе, искуството што се стекнува таму да се осамостоиш како личност, животот меѓу луѓе, седенки (и секако учење) се незаменливи.

„Не можам да се пожалам од социјалниот живот. Колку луѓе тука имам сретнато, немам сретнато за цел живот. Си помагаме, се дружиме, се раѓаат љубови. Верувам дека оттука некои ќе ми останат пријатели за цел живот. Имаме и диското каде одиме на забава. Ако не сте ја имале среќата да имате фрижидер, особено оние постарите генерации, тогаш со сигурност сте можеле да се пофалите кој е прозорот на вашата соба, бидејќи од надворешната страна сте го распознавале по храната која стои во ќеса. Пиењето кафе и позајмувањето шеќер и останати работи се прави во соби каде што живеат згодни соседи. Колку и да се неверојатни, чудни и незамисливи приказните од студентските домови, сепак остануваат како една вечна трага во вашите сеќавања и сигурно ќе бидат добри поучни разговори кои вреди да ги раскажете на вашите деца.“, раскажува низ смеа Александра од Гевгелија студент по новинарство.

Фото: Студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје/Јана Поповска

Извор: Скопје инфо