Вучиќ ќе дели бесплатни витамини за зајакнување на имунитетот на пензионерите

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот претседател Александар Вучиќ се пофали дека со цел полесно да се справат со здравствената криза и да останат здрави и силни, на пензионерите ќе им се делат бесплатни витамини. Тој денеска во видео-обраќање ги презентираше витамините кои како што претходно најави Владата на Србија, пензионерите ќе добијат пакет со цел да го зајакнат имунитетот.

Вучиќ вели дека секој пензионер од државата ќе добие витамин Ц, витамин Д и цинк.

„Почитувани пензионери, ова е првиот примерок на торбата со содржината на она што треба да го набавите. Кога добивате подарок од вашата земја, тоа е затоа што сте направиле многу. Во оваа кеса има минерал-цинк, витамин Д3, витамин Ц. Сите добри витамини и минерали за зајакнување на имунитетот и организмот“, објасни Вучиќ во видеото.

Тој истакна дека ова е знак на внимание за пензионерите, како како што вели, сè што направија за земјата и им го оставија на новите генерации.

„Денес, ние мора да ги следиме вашите стапки и да ја направиме Србија уште подобро место за живеење“, рече Вучиќ.

До крајот на годинава, пензионерите ќе добијат и финансиска помош од 110 евра. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.