За 40 минути настанал неред во Крушевац – силниот ветер откорнал кровови, вода влегувала во куќите (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Невреме проследено со ветер и грмежи, кое синоќа го погоди Крушевац, однесе лимени кровови од неколку објекти, водата влегла во трафостаницата недалеку од „Трајала“ и фабриката останала без електрична енергија, а поплавени биле домаќинства во Дедиње, соопштило Одделението за вонредни ситуации. Оттаму наведуваат дека ноќеска за време на невремето кровот од основното училиште „Вук Караџиќ“ одлетал и отштетил објекти оддалечени од него 100 метри.

На територијата на Крупевац изминативе 24 часа наврнале повеќе од 73 литри дожд по метар квадратен.

Нестабилното време од Србија денеска се придвижи кон нашата земја, а метеоролозите на делови предвидуваат и силен дожд проследен со град. Нестабилното време ќе се задржи и до средината на следната недела.