Пејачот Никола Роквиќ имаше 110 килограми но за само шест месеци успеа да намали дури 17 килограми.
Имено, Никола реши да обрне внимание на начинот на живот и изгледот, па за шест месеци успеа да ослабне само со здрава исхрана, но и тренинзи.
-2021 година за мене беше тешка година. Мојот татко пред да почине, година дена се бореше со страшниот непријател. Тој период ми беше страшен, па немав воља за вежбање и тренирање, но ниту за да водам сметка за здрав живот и исхрана. Затоа се здебелив 20тина килограми. Во еден период почнав да се мачам и сфатив дека морам нешто да превземам, вели пејачот и открива како ослабел.
– Почнав со кик бокс, четири пати неделно. Во почетокот таквите тренинзи ги комбинирав со трчање, но поради природата на мојата професија, не тренирав доволно. Кога сфатив дека нема резултати, се искарав себе си и почнав редовно да тренирам со тренерот, кој ми внесе сила и ми покажа правилен план за исхрана. Го намалив внесот на јаглени хидрати, а го зголемив внесот а протеини и масти.
– Шест месеци придржувајќи се кон тренинзите и кон сето она што ми го кажуваше тренерот, доведоа до тоа да ослабам но и да ги издефинирам мускулите. Го забрзав метаболизмот на вистински начин, па сега немам проблем. Моментално постам, па балансирано внесувам јаглени хидрати, протеини и масти од растително потекло. Задоволен сум затоа што изгубив 20 сантиметри во обем во струкот. Се чувствувам како нов човек, воодушевено вели пејачот кој за доручек обавезно јаде овошна салата, за ручек киноа со зеленчук, а за вечера салата со пилешко.
Инаку неговата сопруга неодамна се породи и на свет донесе прекрасно девојче кое го крстија Ангелина.