За еден од најубавите грчки острови сигурно не сте слушнале, а таму цените и не се толку скапи

ИЗВОРСкопје24
|

Остров кој треба да го посетите. Островите Додеканези се една од омилените дестинации во Грција, како за странските туристи така и за луѓето од Грција.

Често ќе слушнете искуства од вашите пријатели од Кос, Патмос, Астипалеа, Родос и Карпатос, но очигледно не познавате никој досега кој летувал на Лерос.

Главната причина за тоа е стигматизацијата на Лерос поради прочуената психијатриска болница која се наоѓа на него, но и политичкиот логор кој подоцна бил на истото тоа место.

Островот кој потсетува на Италија всушност е магичен и многу автентичен.

Има мала површина, со шуми кои стигнуваа до плажите со живописни тврдини и единствени плажи.

Агиа Марина е традиционално село кое ја краси италијанската архиектура и зградите кои изгледаат како да влегуваат во море.

Од Агиа Марине лесно ќе стигнете и до популарните плажи.

Патот чини малку повеќе отколку сместувањето, а за симболична сума на пари може да најдете соба во центарот на овој остров.

И цените по рестораните и кафулињата не се претерано скапи како на останатите грчки острови што значи дека еден ручек би можел да ве чини околу 10 евра.

Можеби е добро тоа што туристите сè уште не го откриле овој остров, а оние кои го направиле тоа секогаш се враќаат таму.