За ефикасни резултати потребен е локдаун од 5 до 7 недели, вели доктор Злате Мехмедовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Доктор Злате Мехмедовиќ кој работи во центарот кој лекува позитивни пациенти вели дека Јавното здравство е преполно и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немааат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.

Поради тоа, голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет.

Според него овие мерки се неуспешни и ако сакаме да имаме ефикасни резултати, потребен е локдаун кој ќе се спроведе во период од 5 до 7 недели.

Тој треба да даде ефикасен систем, во кој што ќе се намалат бројките на новозаразени, а потоа може да се размислува за релаксирање, рече Мехмедовиќ.