Овен (21.03 – 20.04)
Ќе имате премногу обврски, а тоа ќе биде психолошки товар за вас. Не ги оценувајте луѓето веднаш. Дадете си време и простор за одмор, тоа навистина ви е потребно.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендов обидете се да се релаксирате во друштво на пријателите. Нека не ве нервираат некои стари приказни, дадете им време на проблемите и се ќе биде решено. Отворете ги очите, околу вас некој не е искрен.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендов ќе дојдете до некои важни информации, обрнете им внимание. Се што сакате е саканото лице да биде среќно и задоволно. Па што чекате, направете се за него.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе имате мал проблем со концентрацијата, се што правите проверете го два пати. Избегнувајте ги расправиите со саканото лице. Викендов одвојте квалитетно време за одмор.
Лав (23.07 – 22.08)
Очекувате нови случувања на деловен план. Прифатете ги со оптимизам и ќе ви се врати со добро. Не се грижите за ситните проблеми во врската, со добар разговор се може да се реши.
Девица (23.08 – 22.09)
Работата прави голем притисок врз вас. Замолете некој од колегите да ви помогне да го решите проблемот кој го имате. Имате чувство дека партнерот сокрива некои детали од вас, разговарајте отворено.
Вага (23.09 – 22.10)
Прифатете ги корисните совети од вашата блиска околина, не водете инат. Некои нешта нема да ви бидат по желба, но останете смирени. Партнерот ќе биде негативен кон вашето однесување, но без грижа, нема да имате големи проблеми.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некои важни работи ќе биде потребно да ги преземете во ваши раце. Поинаку не ќе можете да ги остварите зацртаните цели. Ако сакате да бидете среќни, верувајте и повеќе на интуицијата.
Стрелец (22.11 – 21.12)
За викендов имате одлични планови. Време е за акција, па затоа не губете го времето, партнерот сака искрен и отворен разговор со вас, немојте да го игнорирате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате некое лошо претчувство, поразговарајте со партнерот и смирете се. Потребно ви е внимание, па затоа викендов не се затворајте дома, излезете со пријателите на кафе.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов планетите не се поволни за инвестирање на пари во било што. Опуштете се и уживајте во најблиското друштво. Не им дозволувајте на некои лица да го коментираат вашиот живот гласно.
Риби (20.02 – 20.03)
Почекајте ги официјалните податоци пред да донесете некоја одлука. Меѓу вас и партнерот постои недоверба. Ќе морате да го решите тоа што поскоро.