Денес се празнува Светиот Евдоким – за среќа и здравје направете го ова

ИЗВОРСкопје24
|

Светиот Евдоким
Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829–842) Евдоким беше млад офицер во војската. Но, и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше дури и да зборува со која и да е жена освен со мајка си; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше суетни забави и празнословие. Беше „Среде метежот и суетата на светот, како крин меѓу трње и како злато насред оган“.

Заради неговите необични добродетели царот го постави за војвода кападокиски. На таа висока положба Евдоким се грижеше да биде праведен пред Бога и кон луѓето. Но, по Божја Промисла се упокои рано, во својата триесет и трета година. Неговите мошти се пројавија како целебни. Еден полуден човек се допре до неговиот гроб и оздраве, а и едно фатено дете се крена и стана здраво. По осумнаесет месеци неговата мајка го отвори ковчегот и го најде неговото тело како живо, без било каков знак на распаѓање. А од телото на светителот излегуваше прекрасен мирис. Подоцна моштите му ги пренесоа во Цариград и ги погребаа во новата црква на Пресвета Богородица, усторена од благочестивите родителите на овој праведен Евдоким.

Се верува дека за среќа и здравје на овој ден треба да се помолите исто како и што Евдоким се молел.  Оној Кој те повика од земјата кон Небесните населби, Тој и по преминувањето го сочува неповредено телото твое, о, Евдокиме, ти во целомудреност и чистота блажено си живеел, неосквернувајќи ја плотта. Затоа, смелост имајќи пред Христа Бога, моли Го за нашето спасение.

Свети Јосиф од Ариматеја

Благообразниот Јосиф, богат човек, член на еврејскиот Синедрион и потаен следбеник Христов (Матеј 27, 57; Јован 19, 38). Го симна Христовото тело од крстот и заедно со Никодим го положи во својата гробница. За ова беше окован од Евреите и фрлен во затвор. Но, таму му се јави воскреснатиот Господ и го увери во Своето воскресение. Потоа Евреите го пуштија од затворот и го протераа од татковината. Тој тргна да го проповеда Христовото Евангелие по светот, а таа вест ја донесе и во Англија, каде се упокои во Господа.