За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач

ИЗВОРСкопје24
|

Ако погледнете на нумеричката тастатура на вашиот лаптопот или далечинскиот управувач за телевизорот, ќе забележите дека на копчето со бројот 5 има мала испакнатина во форма на точка, две точки или цртички.

Оваа ознака има за цел да им помогне на лицата со хедикеп и оштетен вид полсено да ракуваат со далечинскиот управувач или нумеричките тастатури на лаптотпите и мобилните телефони.

Точката на бројот 5 на лицата со оштетен вид им служи како тактилен ориентир, со чија помош можат да одредат каде се наоѓаат другите копчиња на далечинскиот управувач.

Ознаката на копчето со бројот 5 може да им помогне и на лицата со нормален вид, да го користат далечинскиот управувач или тастатурата, без да погледнат во нив или кога гледаат телевизија во темница.

Дополнително прочитајте и  како далечинскиот управувач да работи без батерија?

Нема работа која повеќе нервира од тоа кога убаво ќе се наместите во фотелја пред телевизорот и тогаш сфаќате дека далечинскиот управувач не работи. Обично се во прашање батериите, а далечинските управувачи се први мети кога на некој апарат ќе му притреба една. И сигурно тогаш не ви се оди до продавница за да купите само една батерија, зарем не?

Знајте дека не морате да одите до продавница затоа што проблемот можете да решите со само една спајалица. Треба да ја наместите во положба како на горната фотографија, совршено да легне на местото на батеријата. Со тоа ќе го затворите струјното коло помеѓу батеријата и компонентите во управувачот. Единствениот недостаток на овој трик е што далечинскиот управувач ќе работи на помала волтажа, па ќе морате малку да се доближите до телевизорот за да можете да ги менувате каналите.