За тестото убаво да нарасне – Трик со брашното кој ќе ви олесни многу

ИЗВОРСкопје24
|

Секогаш кога правите тесто кое треба да нарасне, употребете мал трик. Брашното треба да биде на собна температура за тестото полесно и подобро да нарасне.

Пред да правите ваков вид тесто, оставајте го брашното на собна температура.

Брз рецепт за домашно тесто – направете печива по желба

Подгответе домашно тесто за разни печива…

СОСТОЈКИ: 400 гр глатко брашно, 1/2 лажици шеќер, 1/2 лажица сол, 1/2 лажичка сув квасец и 1 лажица масло.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Пред да почнете со подготовка на смесата, ослободете ја работната површина и направете доволно место како би ги обликувале саканите облици. Земете ги сите состојки и направете смеса која треба да остане прекриена околу еден час. Пред тоа додајте масло и покријте ја смесата со крпа.

Потоа обликувајте печива по желба. Можете да правите што сакате, важно е на крај вкусот да биде совршен.

Откако ќе ги направите саканите облици, подгответе сад за печење во кој ќе ги наредите топчињата тесто. Додајте масло и загрејте ја рерната на 200 степени. Печивата печете ги додека не добијат румена боја.

Печивата оставете ги малку да се изладат, а потоа послужете ги. Добар апетит!