Забава, задоволство и љубов за Вагата, бенефити за Овенот: Месечен хороскоп за декември 2020

ИЗВОРСкопје24
|

Овен

Драги Овни, овој месец е важно да имате отворен ум, бидејќи тоа ќе ви донесе многу бенефити. Оваа година беше стресна за вас со сите ситуации во вашиот живот, но владеењето на Стрелецот ви носи поинаква, полесна енергија. Меркур, планетата на комуникацијата влегува во знакот на Стрелец на почеток на месецот што ви овозможува да ја искажете својата вистина и полесно да се изразите. Имате многу енергија, па потрудете се да ја искористите во нешто корисно овој декември. Можеби новогодишната декорација е проект на кој можете да се посветите овој период.

На полето на работата, ќе се чувствувате како да сте на крстосница, но само вие знаете што е најдобро за вас. Кога сте исполнети на лично поле, тогаш тоа се одразува на сите полиња, не го заборавајте тоа. Можно е и да се најдете во центарот на вниманието поврзано со вашата работа.

Венера, планетата на убавината и љубовта влегува во Стрелец на 16 декември што ви помага да бидете покреативни, а што и да намислите ќе ви биде корисно да долг рок.

Љубовта е тешка за вас оваа година, особено во време на несигурност. Можни се тешкотии и во текот на овој месец, но верувајте во себе. Дозволете да се отворите пред другите луѓе, без оглед на тоа дали сте во врска или не. По 16 декември, доаѓа можност да запознаете посебна личност во вашиот живот, отворете ги очите. Посветете се и на вашите најдраги пријателства, овој месец.

Бик

Овој декември ќе биде брз за вас, драги Бикови! Со оглед на тоа дека сте фиксен знак кој не сака брзина, можно е да биде потребно да излезете од вашата зона каде се чувствувате најпријатно. Можеби ќе ви биде тешко за момент, но сето ова е за добро. Луѓето ќе имаат мислење за вашиот живот и постојано ќе го споделуваат тоа, но само вие знаете што е најдобро за вас. Следете го тоа. Верувајте им на своите инстинкти, тие ќе ве водат напред.

Овој месец ќе ви донесе повеќе обврски и одговорности на полето на работата, но тоа нема да ви пречи бидејќи ќе сакате да се докажете. Најдете време да затворите некои поглавја и да ги славите новите почетоци. Бидете особено внимателни на 11 декември и не кажувајте нешто што не го мислите.

На полето на љубовта, декември ви носи заклучок од сите лекции кои ги научивте изминатите месеци. Можно е да бевте заглавени во минатото или пак несвесни за тоа што ви се случува, но овој месец ви носи јаснотија на ова поле. Ова е период кој ќе ви помогне да сфатите како да продолжите напред. Зимата можеби ќе донесе некои тешки чувства, но флертувајте со оние кои ви се допаѓаат, не се задржувајте во однос на тоа. Една посебна личност не знае што чувствувате за неа, па можеби е време да го отворите срцето, да погледнете напред и да заборавите на минатото.

Близнаци

По цела година посветена на вашата ранливост и интимност, декември ви носи поинаква, полесна енергија. Последните денови на Јупитер и Сатурн во вашата куќа на интимност ве потсетуваат дека точно знаете што сакате и цврсто да се држите до тоа. Секој може да ви биде партнер, но главното прашање е дали се исполнети вашите потреби и колку и е важно на другата личност околу тоа. Единствената личност за вашата радост сте вие самите, не го заборавајте тоа.

На 17 декември, Сатурн – планетата на структурата и дисциплината навлегува во вашата куќа на учење, за втор пат оваа година. Потрудете се да увидите што се случуваше во вашиот живот во март и ова е можност за вас да извлечете важни заклучоци од сето тоа. Не го сфаќајте животот премногу сериозно, но потрудете се да научите нешто од оваа година.

На работа, потрудете се да бидете внимателни во однос на тоа со кого склучувате сојузи, како и тоа какви договори потпишувате.

Вашите љубовни односи беа комплицирани во текот на целата година. Тешко ви беше да се оддалечите од некои луѓе кои не ви носеа ништо добро, но и тоа е уште една лекција од која можете да увидите колку сте храбри. Време е да се изразите, а особено е важно да покажете кој ви се допаѓа и директно да го претставите тоа, без игри и без размислување.

Очекувајте нови почетоци кои ќе бидат слатки, а едноставни. Одете на сè или ништо!

Рак

Декември е совршен месец за да го покажете својот сјај, драги Ракови! Соочени сте со тешкотии кои другите луѓе можеби не ги разбираат, но тоа не е причина да очајувате. На некој начин, дел од вашата судбина е како да научите да се потпрете само на себеси, но и да се соочите со големи ситуации без да ја изгубите позитивната мисла.

На полето на работата имате поддршка од Марс – планетата на либидото и војната која е директна, така што овој месец на сите ќе им ја покажете својата амбиција. Особено голема поддршка од планетите можете да очекувате по 16 декември кога бестрашно ќе освојувате што и да посакате на ова поле, без пардон. Декември е месец кога целосно треба да се посветите на своите професионални цели и да тргнете храбро кон нивно освојување.

Љубовните односи можеби не се на местото кадешто посакувате да бидат, но најдете време да прославите за она што го имате во вашиот живот. Препознајте ги лекциите кои оваа година ви ги донесе во форма на помали или поголеми потешкотии и тргнете напред со наученото. По 19 декември, ќе ви биде полесно да се поврзете со другите, но и да запознаете личност која ќе ви го освои срцето.

Овој месец носи и голем фокус на вашето здравје и добросостојба.

Лав

Драги Лавови, конечно доаѓа време за уживање! Оваа година беше особено тешка за вас, а сега доаѓа време за уживање. Сонцето е во Лав што ви носи полесна, пооптимистична енергија, но и самодоверба која е силна карактеристика на вашиот знак. Ова особено се однесува на работата каде уште постојат цели кои ги немате исполнето.

Со оглед на пандемијата, ќе бидете ограничени во уживањето и принудени да останете дома, но тоа не е причина да не уживате во позитивното расположение кое го носи овој месец, но и предновогодишната атмосфера. Време е за топол чај, какао и добра книга. Најважно е да најдете време за себе, а идеите ќе дојдат сами по себе.

На полето на љубовта, ќе бидете принудени да поставите граници. Ова ќе биде потешка енергија и голем предизвик со кој ќе треба да се носите, но тоа ви носи шанса за нов почеток во 2021. Слободните Лавови ќе имаат магнетска привлечност и ќе освојуваат околу себе. Можна е порака на социјалните мрежи од личност која многу ви се допаѓа, а за која воопшто не сте очекувале дека би можела да негува симпатии кон вас.

Утврдете што е тоа што ви е потребно и тргнете напред кон нови освојувања. На крајот на краиштата, вие сте знакот кој најдобро го умее тоа. Ќе имате потрезвен пристап и можно е да изберете личност покрај која ќе сакате да изградите долга врска и да почувствувате топлина наместо авантурите кои често ги избирате како прва опција.

Девица

Декември е месец кога конечно ќе најдете мир по турбулентната година, драги Девици! За вас не е ништо ново, кога постојано сте на сите страни и се соочувате со земјотрес, но навистина ви е потребно време да здивнете, а декември е добар месец за тоа. Ако имате време да бидете активни, направете го тоа, дури и да станува збор за пешачење по 20-тина минути на крајот на денот.

Јупитер и Сатурн ги минуваат преостанатите денови во Јарец, а тоа е тешка енергија за вас особено на полето на работата. На момент ќе мислите дека не можете да се справите со своите обврски, но ова е дури и премалку во однос на тоа со што се соочивте оваа година. Имајте на ум дека вие сте најпрактичниот и највредниот знак во хороскопот кој може да постигне што и да посака.

На полето на љубовта, многу работи не се одвиваат по планот, но за некои Девици тоа ќе биде добро. Оставете малку да бидете спонтани и да уживате во магијата на малите моменти, без да имате испланирано се.

За некои работи ќе ви биде тешко да бидете објективни, особено доколку станува збор за конфликт со вашите родители. Пробајте да откриете што е тоа што ве вознемирува и потрудете се да изнајдете здрави начини за да се справите со таквите проблеми.

Вага

Забавата, задоволството и романсата се во главниот фокус овој месец, драги Ваги! Изминатите години бевте фокусирани на домот, а со оглед на тоа дека Јупитер и Сатурн ги минуваат последните денови во знакот на Јарец, време е да станете свесни, но и благодарни за сето она што успеавте да го постигнете на ова поле во текот на изминатиот период.

Ова е месец кога ќе треба да се фокусирате на вашето ментално здравје и мир, па најдете спокојно место во домот или околу вас каде се чувствувате свои и можете да се релаксирате. На 17 декември, Сатурн влегува во Водолија и со конјункција во Месечината ве прави да бидете поемотивни од вообичаено. Но, тоа не е ништо лошо, овој пат. Сега е време да создадете нешто ново или да ја однесете врската на едно повисоко ниво, ако сте заљубени.

Доколку не сте во врска, важно е да не градите никакви големи очекувања во однос на другите луѓе, но и да поставите јасни граници во однос на тоа што тие го бараат од вас. Не морате да ги исполните очекувањата на другите, но можете да поработите на тоа што ви носи среќа, а крајот на годината е одличен за тоа. Не се плашете.

Овој месец ви носи голема лекција како да комуницирате со другите луѓе. Штом тргнете напред, нема враќање назад, но сето тоа е за добро.

Шкорпија

Драги Шкорпии, време е да се опуштите и поврзете со семејството! Тешко е да не замислувате дека ќе се случи најлошото, особено земајќи го предвид вашиот карактер, но потрудете се да не го правиете тоа, овој месец. Тоа е ваш начин да се справите со тоа што не можете да го контролирате и иако е тешко, потрудете се да не го правите тоа, бидејќи влијае на вашето здравје и благосостојба.

Нема потреба да бидете премногу екстремни, но потрудете се да изградите здрави и корисни навики кои ќе додадат на вашата среќа во текот на декември. Особено бидејќи работата ќе биде рутинска, а сепак ќе ве истоштува повеќе од вообичаено.

Со Венера – планетата на убавината и љубовта во вашиот знак, најдете време и да си кажете себеси колку вредите. Овој декември ќе копнеете по длабока поврзаност, отфрлајќи се што ви делува површно, но бидете внимателни да не ги отрфлате луѓето пред да ги запознаете. На 16 декември, Венера влегува во Стрелец, помагајќи ви полесно да се поврзете со другите и поопуштено да и пристапувате на љубовта.

Овој месец ви носи поврзување и со семејството, ќе се трудите да запознаете кои се вашите корени бидејќи сметате дека тоа ви помага да осознаете каква е вашата иднина.

Стрелец

Ова е ваша сезона, драги Стрелци! Потрудете се да уживате колку што можете повеќе. Меркур – планетата на комуникацијата е во вашиот знак овој декември, па ќе ви биде многу лесно да ја говорите вистината! Има моменти кога нема да се чувствувате како најумната личност меѓу луѓето, но ќе бидете искрени и луѓето ќе ве обожаваат поради тоа. Имајте отворен ум и потрудете се да не ги игнорирате лошите сигнали во однос на луѓето, особено кога станува збор за работата.

Ако досега се соочивте со некои мали конфликти и кризи во врската, ова е период кога со помош на вашата искреност и отвореност ќе успеете полесно да искомуницирате без оглед на тоа дали станува збор за вашата саканата личност или симпатија. Овој месец носи учење особено преку интроспектива, а тоа ќе биде многу корисно за вас.

Потрудете се да го зачувате своето трпение на сите полиња и тогаш кога ви делува дека не можете.

Јарец

Драги Јарци, декември е месец за да почнете да сакате лудо! Овој месец ви носи многу можности да работите на себеси и да се развивате, особено кога ќе настапи владеењето на вашиот знак, по 21 декември. Доаѓа крај на една тешка година, па време е да прославите како што знаете само вие. По 19 декември, доаѓа одличен период да искомуницирате важни теми и да поработите на своето унапредување.

Насочете го своето внимание кон своите пријателства и луѓето кои ви се драги. Ако не сте во врска, сега е време да си кажете што е тоа што го сакате од љубовта. Првиот дел од декември со Венера во Шкорпија ви носи голема леснотија во тоа како се поврзувате со другите луѓе. На 16 декември, универзумот ве повикува да сакате лудо, или да сонувате за тоа. Овој период ви носи можност да сфатите што сакате и храбро да се изборите за тоа.

Животот ви носи многу можности овој месец, не ги затворајте очите пред тоа. Истражете ги можностите.

Водолија

Овој декември носи магија во вашите животи, драги Водолии! Оваа година ви поремети многу од вашите планови, но не е време за откажување. Со вашиот владетел Сатурн во вашиот знак, по 17 декември ќе се чувствувате како да имате голем товар на својот грб. Но со влегувањето на Јупитер во истиот знак по 19 декември, ќе посегнете по ѕвездите. Ве чека голем пат кон успехот, но ќе имате среќа и наклонетост од планетите.

Сонцето во Стрелец ви носи позитивна енергија и среќа во вашите блиски односи. Ќе се чувствувате посакувано, а можно е една порака на социјалните мрежи да се ви ја заскокотка љубопитноста и да посакате да ја запознаете таа личност, што побрзо. Нема потреба за брзање, ако сте сами, само одете чекор по чекор кон она што го посакувате.

Бидете трпеливи и скромни, а обрнете големо внимание на вашето здравје. Витамините и минералите се задолжителни, но и физичката активност.

Риби

Драги Риби, време е да блеснете овој декември! Марс е директен во знакот на Овен, што значи дека е време да престанете да сонувате и да се фрлите во акција. Овој месец ви носи силна планетарна наклонетост, па дури и притисок да тргнете кон она што е ваше. Ќе блескате со сиот свој сјај. Иако е важно како се претставувате во јавноста, сепак не треба да се грижите што мислат другите за вас.

На 17 декември, Јупитер – планетата на изобилството влегува во знакот на Водолија носејќи ви куп позитивна енергија.

Потрудете се да бидете посоцијални овој месец. И покрај пандемијата, потрудете се да се поврзете со оние кои ви значат. Јавете им се на оние кои не сте ги слушнале некое време. Имајте отворен ум и не велете не на оние кои сакаат да ви се приближат. Една личност ќе биде особено романтична, но само ако и го дозволите тоа.

Сонцето прави конјункција со Меркур на 20 декември носејќи ви порака која одамна сте ја очекувале. Слушнете совети и од другите како да постапите и направете го најдоброто за себе. Она што ви носи највеќе среќа.