Забрана за продажба на мазут за компанијата „Евротим“ поради отстапки во квалитетот

ИЗВОРТелма
|

Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за пуштање во промет на мазут откриен во складовите на кичевската компанија Евро-тим, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски.

Во мазутот складиран во резервоарите на Евротим во Ресен е откриено количество на пепел и вода со седименти, поголемо од максималното дозволено. Поради тоа, Евротим добил забрана за пуштање во промет на складираниот мазут. Вишокот вода со седименти и пепел во мазут ги зголемуваат штетните материи и тешките метали кои се создаваат при горење на овој вид дериват. Истрагата на надлежните за квалитетот на горивата продолжува. Регулаторната комисија поради немање оперативни резерви мазут отпочна постапка за одземање на лиценци за трговија на големо на 4 фирми Супертрејд, РКМ-Скопје, Перинакс и Ли-Оил.